Ако сакате да ја промените лозинката:
- Отворете ја апликацијата.
- Одете на профилот во „Мои детали“.
- Кликнете на „Промена на лозинката“ и внесете ги потребните информации за промена.
Ако ја имате заборавено вашата лозинка, но сеуште сте најавени:
- Отворете ја апликацијата.
- Влезете на профилот и најдолу кликнете на „Одјави се“.
- Потоа, изберете „Најави се“ и „Ја заборавив лозинката, помош!“.
- Во полето „Ресетирај ја лозинката“, внесете ја вашата емаил адреса. Почекајте неколку минути и следете ги инструкциите од емаилот за да ја промените лозинката.
Ако не го добиете емаилот по 15 минути:
- Проверете дали емаилот со линкот за ресетирање е завршил во спам фолдерот.
- Додајте го домеинот fitkit.app во „безбедни/доверливи испраќачи“ (safe/trusted).
Дополнително:
- Проверете дали емаил адресата за која сакате да ресетирате лозинка е правилно внесена и дали е поврзана со профил на мобилната апликација. Често се случува корисниците да внесат емаил адреса што не е регистрирана или има грешки (на пр., погрешен домен: gmail.co, gmali.com).
- Ако сè е правилно, повторно проверете го спам фолдерот и додајте го fitkit.app во „безбедни/доверливи испраќачи“ (safe/trusted).
Откако ќе проверите и ќе ги исправите овие детали, пробајте повторно да ја ресетирате лозинката. Ако и понатаму имате потешкотии, пишете ни преку нашите официјални канали, и случајот ќе го предадеме до нашиот ИТ сектор.
Related to
Comments
0 comments
Please sign in to leave a comment.