Која е разликата меѓу кредити и претплата?

ФитКит ти дава пристап до илјадници активности за фитнес, релаксација и ментално здравје. Постојат два начина да ги платиш: кредити и претплати. Работат различно, а кој ти одговара зависи од тоа колку често одиш и што резервираш.

Кредити

Кредитите се внатрешната валута на апликацијата. Секоја активност има вредност во кредити, прикажана во жолтиот круг на сликата.

  • Влез во сала обично е 4 до 8 кредити, групен тренинг 7 до 10, спа посета 15 до 30, масажа 15 до 50. Точната вредност е прикажана кај секоја активност.
  • Ги трошиш кредитите од пакетот додека не се потрошат.
  • Кредитите што ги купуваш со своја картичка не истекуваат.
  • Нема дневен лимит. Ако имаш доволно кредити, може да резервираш сè, вклучувајќи ги и поскапите категории.

Претплати

Претплатата важи 30 дена и се обновува автоматски додека не ја откажеш. Наместо да трошиш кредити, добиваш пристап до дневен лимит.

Две работи го определуваат секое ниво: колку резервации може да направиш дневно и колку може да чини една активност.

Земја S M L XL
Северна Македонија 3 5 15 30
Србија 2 5 15 30
Бугарија 5 10 20 40
Словенија 7 10 20 40
Грција 7 13 32 50

Броевите се дневниот лимит во кредити за тоа ниво во таа земја. Со S и М може да резервираш една активност дневно, со L две, а со XL повеќе.

Ако една активност чини повеќе од лимитот на твоето ниво, не може да ја резервираш со претплатата. Сепак може да ја резервираш со кредити ако ги имаш на профилот.

Што ти одговара

Претплатата обично е поисплатлива ако одиш неколку пати неделно на ист тип активност, најчесто сала или групни тренинзи. Кредитите се подобри ако одиш поретко, или ако сакаш слобода да резервираш масажа, спа или сесија со психолог или нутриционист, бидејќи тие обично чинат повеќе од дневниот лимит на претплатата.

Може да имаш и двете. Пред секоја резервација апликацијата те прашува дали сакаш да платиш со претплатата или со кредити.

Поврзана статија: М претплатата: како работи и зошто резервацијата понекогаш не поминува

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 0 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.