Апликацијата моментално нема функционалност за директен пренос на кредити на трети лица. Сепак, ако твоите кредити се лично купени, немаат рок на важност и не планираш да ги користиш, можеш да ни пишеш на нашите официјални канали и да побараш ваква опција.
Доколку твоите кредити се издадени од компанијата во која работиш, преносот на кредити на трети лица е можен само доколку добиеме писмено барање од одговорните лица во твојата компанија.
За крај, постои можност да подариш кредити на друг корисник во форма на ваучер. Нашиот систем поддржува издавање на еднократни кодови што можат да активираат одреден број на кредити. Ако сакаш да ја искористиш оваа опција, пиши ни на нашите официјални канали, и нашите агенти за поддршка ќе се погрижат подарокот да стигне до примачот.
Related to
Comments
0 comments
Please sign in to leave a comment.