Како да пристапам до бизнис корисничкиот профил на компанијата?

Порталот за менаџирање на пакети и вработени станува функционален откако агент за корисничка поддршка ќе го креира бизнис профилот и ќе додели права на одредени емаил адреси за пристап до него. До порталот можете да пристапите на следниов линк.

За да се најавите, користете ја емаил адресата што ја споделивте со FitKit при создавањето на профилот на компанијата. При иницијалното поставување на профилот и додавањето на лица со менаџерски пристап, ќе добиете емаил порака со барање за верификација на емаил адресата и создавање лозинка.

Преку линкот погоре и најавата на админ панелот, имате можност самостојно да додавате и бришете корисници (вработени) и да креирате извештаи за искористеноста на пакетите за било кој ден и период.

Системот автоматски, на секој 1-ви во месецот, ажурира пакети (кредити и претплати) за сите вработени кои веќе имаат креирано профили. Ако нов вработен започне со работа во друг ден од месецот или креира профил подоцна, ќе треба рачно да го додадете во листата преку опцијата „Додади корисник“ или „Додади нов вработен“, а потоа да му ажурирате кредити преку опцијата „Додади кредити“.

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 0 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.