За да управувате со вашата понуда и посетители, најавете се на FitKit Provider порталот со емаил адресата што ни ја доставивте.
Ако немате профил на FitKit App веќе:
- Осигурајте се дека ја имате преземено апликацијата и сте креирале профил со истата емаил адреса.
- Ќе добиете емаил со линк за верификација и линк за креирање лозинка откако ќе ја поставиме вашата локација и контакт податоци.
Како да скенирам кодови и да валидирам влезови?
- Најавете се во FitKit Provider порталот.
- Во менито „Скенирај“ можете да ги проверувате и одобрувате кодовите.
- Секој одобрен код автоматски се зачувува во менито „Историја“.
- За извештај потребен за фактурирање:
- Кликнете на логото на FitKit (горе лево).
- Изберете го копчето „Извештај“.
- Изберете датумски опсег и извештајот ќе ви пристигне на емаил.
- Извештајот заедно со фактурата испратете го на invoice@fitkit.app.
Како да додадам активности и да ажурирам услуги?
- Најавете се на FitKit Provider порталот.
- Можете да менувате слики, распоред или да додадете нови активности.
- При додавање на нова активност:
- Името и описот внесете ги на сите барани јазици.
- Пополнете ги останатите информации.
- Додадете соодветен распоред.
- Доколку имате неработен ден, ажурирајте во „Распоред“ > „Додади неработен ден“.
- Кога ќе завршите, кликнете „Зачувај“.
Како да креирам месечна претплата?
Ако сакате корисниците да можат да ги користат кредитите како субвенција за месечна членарина, постојат две опции:
-
За постоечка услуга:
- Влезете во опцијата за уредување и изберете „Клонирај“.
- Штиклирајте „Месечна претплата“ и „Емаил известување за секоја резервација“.
- Во полето за кредити внесете ја целосната цена на месечната членарина.
- Ако не сте сигурни за договорната цена по кредит, контактирајте го нашиот финансиски сектор.
-
За нова услуга:
- Креирајте ја од почеток и следете ги горенаведените чекори.
☑ Ажурирањето на услугите, распоредот и термините е ваша одговорност. Ве молиме редовно да ги ажурирате податоците.
Related to
Comments
0 comments
Please sign in to leave a comment.