FitRewards – Сѐ што треба да знаеш!

Добредојде во светот на Fit Rewards – новата функционалност на FitKit која го претвора твоето фитнес искуство во вистинска игра.
Подолу ќе најдеш одговори на сите прашања поврзани со новите предизвици, поени, награди и топ листи.

 

Што е гејмификација?

Гејмификација е користење на игриви механики (поени, нивоа, предизвици) во средини кои не се игри – во овој случај, активностите на FitKit апликацијата. 


FitKit ја користи гејмификацијата за да те мотивира, те ангажира и да ти овозможи повеќе забава и награди додека вежбаш, резервираш активности или го следиш својот напредок. Тоа значи: повеќе мотивација, повеќе забава и повеќе резултати! 🎯

 

🎯Што се Fit Rewards?

Fit Rewards е нов систем на наградување што ти носи поени, месечни награди и внатрешно рангирање во апликацијата.
Секојпат кога правиш нешто преку FitKit – отвораш апликација, резервираш активност, исполнуваш предизвик – добиваш поени.
Повеќе поени = подобро рангирање = шанса за подарок! 🏆

 

🥇Што е Топ листа (Leaderboard)?

Leaderboard е листа која ги рангира сите корисници според бројот на освоени поени.

- Се ажурира во реално време
-Можеш да го следиш својот напредок и позиција
- Топ рангираниот корисник добива месечна награда (максимум 2 пати во една фискална година)

Поените ќе се ажурираат на Топ листа во моментот кога активноста која си ја исполнил ќе биде валидирана од страна на локацијата/провајдерот.

 

Што се дневни и месечни предизвици?

Fit Rewards нуди два типа предизвици:

  • Дневни предизвици:
    Брзи, едноставни задачи – отворање на апликацијата, букирање активност, означување омилено. Овие предизвици секојдневно ти носат поени.

  • Месечни предизвици:
    Поголеми цели – како посетување на теретана неколку пати во месецот, или резервирање на јога часови, закажување на масажа и слични активности. За да ги добиеш поените, мораш рачно да кликнеш "Собери поени" во апликацијата по завршување на предизвикот.



 

Кој може да ја добие месечната награда?

Секој FitKit корисник кој е активен и редовно собира поени, а на крајот на месецот се рангира како прв на топ листата. 

  За фер игра: еден корисник може да победи најмногу 2 пати во една фискална година.

 

Што се нивоа и како можам да напредувам?

Со секој поен што го добиваш, се приближуваш до следното ниво.
Нивоата се индикатор за твојата активност и напредок во Fit Rewards. Почнувашна ниво Starter, потоа следува Explorer  а со време можeш да преминеш во Goal Crusher, Challenger, Advanced Achiever и многу, мноогу други! 

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 0 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.