Потврдување посети и генерирање извештаи

 

Како се потврдуваат посетите

Посетата се потврдува автоматски кога членот ќе се чекира на самото место преку апликацијата FitKit. Кога членот ќе пристигне на твојата локација, се чекира во апликацијата и посетата веднаш се евидентира во системот.

За онлајн, хуманитарни и одредени авантуристички активности не е потребно чекирање. Тие се потврдуваат автоматски од системот.

Ако членот од некоја причина не можел да се чекира, може да контактира со поддршката на FitKit и ние рачно ја потврдуваме посетата штом ќе се увериме, за никој да не ја изгуби резервацијата.

Генерирање извештај

Во твојот провајдер портал на provider.fitkit.app можеш да ги извезеш резервациите како Excel фајл за твое следење и фактурирање. На почетниот екран кликни Report, потоа:

  1. Постави ги датумите From и To.
  2. Остави го Monthly Subscriptions Only неозначено за вообичаените дневни резервации, или означи го за извоз само на претплати.
  3. Избери кои од твоите локации или брендови да се вклучат.
  4. Кликни Generate. Excel фајлот се презема со деталите на секоја резервација, како член, активност, кредити, датуми и статус.
Zen desk__Извештаи- копчето Report + дијалогот со датуми и Generate во провајдер порталот (1).png

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 1 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.