Додавање нови и уредување на постоечки услуги

Подолу ќе најдете брзо упатство за креирање на нова активност, распоред на активни услуги и неработни денови за да ја одржувате понудата на вашиот FitKit Provider профил секогаш ажурирана.


Креирање нова активност

  1. Од Dashboard ▶ Услуги/Активности кликнете „Додади активност“.

  2. Пополнете ги задолжителните полиња:

    • Име – „Јога“, „Спортска масажа“, „Reformer Pilates“ …

    • Опис – до 280 знаци што ќе ѝ кажат на публиката што да очекува.

    • Категорија – изберете ја соодветната категорија.

    • Кредити – број според договорот со продажниот агент.

    • Gender Restriction –  дали е ексклузивно за „Мажи“, „Жени“ или „Сите“.

  3. (Опционално) Штиклирајте „Email notification“ ако сакате да добивате пораки за секоја резервација.

  4. Додадете:

    • Слика што најдобро ја претставува услугата.

    • Телефон за контакт и резервации.

    • Опции (Wi-Fi, клима, лоби, пијачки…).

    • Online Class Link – URL за Zoom/Meet ако часот е во живо онлајн.

    • External Link – страница за дополнителна наплата или избор на точен термин доколку користите ваш CRM систем или календар за закажувања.

  5. Кликнете „Додади“ – активноста се појавува во листата.


Поставување распоред

  1. Отворете ја штотуку создадената услуга и изберете го табот „Распоред“.

  2. Кликнете „Додади слотови“ и задајте:

    • Денови & часови (нпр. Пон - Сре - Пет, 17:00 – 18:00 или 06:00 - 23:00 доколку се работи за фитнес центар).

    • Макс. учесници (нпр. 2 лица за масажа).

    • „Јавување пред закажување“ ако сакате клиентите прво да се јават телефонски.

  3. Повторете колку што е потребно за различни термини.


Додавање неработни денови

  1. Во истиот таб „Распоред“ изберете „Неработен ден“.

  2. Внесете од – до датум.

  3. Кликнете „Зачувај“. Тој ден ќе биде оневозможен за резервации во мобилната апликација.


Уредување постоечка услуга

  • Од листата со активности кликнете на името → направете ги промените во табот „Информации“ или „Распоред“„Зачувај“.


ЧПП & Чести грешки

Прашање / проблемРешение
Не стигнува е-мејл при резервацијаПроверете дали е штиклирано „Email notification“ и дали е точна адресата.
Корисник не може да резервираПотврдете дека има активен распоред и нема неработен ден на бараната дата. Дополнително провери дали датумот на почеток и важност на активноста се внесени правилно.
Премногу нотификацииИсклучете ги за високо-фреквентни услуги (фитнес, теретани).

 

Потребна е помош? Пишете ни на info@fitkit.app

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 0 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.