Креирање месечна членарина (претплата)

Со ова упатство ќе подесите месечна членарина за да им овозможите на клиентите да користат кредити наместо пари и автоматски да се обновуваат секој месец.


1. Дуплицирајте ја постоечката услуга/активност

  1. Во Dashboard ▶ Услуги/Активности пронајдете ја услугата за која што сакате да креирате месечна претплата дополнително од опцијата за еднократни посети (нпр. Фитнес дневна посета).

  2. Кликнете Duplicate. Се отвора копија со сите постојни полиња пополнети.


2. Променете ја во „Месечна членарина“

ПолеШто променувате
Тип на услугаОдберете Monthly Subscription / Месечна членарина.
Име„Месечна членарина – Фитнес центар“ (пополнете на сите јазици кои што се бараат).
CreditsПоставете го вкупниот број кредити според договорот со продажниот тим (нпр. 50).

Совет: Членарината може да се плати и делумно со кредити; системот автоматски ќе побара доплата во студиото доколку корисникот нема доволно.


3. Вклучете известување за резервација

  • Штиклирајте Email notification.

  • Секојпат кога некој ќе се претплати ќе добиете име, датум и потрошени кредити – корисно за наплата на остатокот.


4. Зачувајте и објавете

Кликнете „Додади“ / “Add” (долу-десно). Новата членарина веднаш станува достапна во мобилната апликација.


5. Како функционира обновувањето

  • Рекурентно – секој месец, на истиот датум, системот автоматски наплаќа кредити.

  • Ако корисникот има помалку кредити од потребното, му се повлекува онолку колку што алоцирал на првиот ден од активирањето, а за разликата плаќа повторно на лице-место.

  • Членарината се паузира ако:

    • корисникот ја откаже преку апликацијата;

    • системот не може да наплати (0 кредити + нема доплата).


ЧПП & Чести прашања

ПрашањеОдговор
Што ако корисникот има само 30, а мојата претплата во студиото е 50 кредити?Системот ќе ги повлече 30 кредити; остатокот се доплатува во студиото.
Како да проверам кој се претплатил?Вклучете ги е-мејл нотификациите или погледнете Reports ▶ Subscriptions во порталот.
Може ли корисникот да откаже?Да, од Profile ▶ Subscriptions во апликацијата. Ќе добиете е-мејл дека е откажана.

 

Повеќе прашања? Пишете ни на info@fitkit.app

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 0 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.