Постојат неколку причини зошто може да ти се случува ова.
-
Провери ја верзијата на апликацијата:
Осигурај се дека ја имаш преземено точната мобилна апликација - FitKit. Ако користиш постара или локална верзија како на пример FitKit GR, FitKit MK, FitKit RS или MyFitKit, тоа може да предизвика проблеми со најава. -
Креиран профил:
Присети се дали веќе имаш креирано профил со емаил адресата со која се обидуваш да се најавиш. Можеби користиш погрешна емаил адреса, особено ако имаш повеќе од една. -
Избришан профил:
Доколку си сигурен/на дека ја користиш правилната емаил адреса, можно е профилот да е избришан и повеќе да не постои во нашите бази. Во овој случај, треба повторно да креираш профил. -
Проблеми со лозинка:
Ако при креирање на нов профил добиваш порака дека избраната емаил адреса веќе постои, но не можеш да се сетиш на лозинката, обиди се да ја ресетираш лозинката. За повеќе информации, посети го следниов линк. -
Најава преку трети платформи:
Ако порано си ја избрал опцијата за најава преку Google, Facebook или Apple ID, обидите за најава со емаил адреса или ресетирање на лозинката нема да успеат. Во овој случај, пробај повторно да се најавиш користејќи ја истата платформа.
Related to
Comments
0 comments
Please sign in to leave a comment.