Дали FitKit ги зачувува податоците од мојата платежна картичка?

FitKit не зачувува, ниту обработува податоци од платежни картички. Нашата мобилна апликација технички нема можност за складирање на такви податоци, а исто така немаме законска дозвола да чуваме сензитивни финансиски информации.

Сите податоци за картичките и трансакциите се безбедно обработени и зачувани од страна на овластениот платежен процесор со кој имаме склучено договор за соработка.

Што претставува функционалноста "Card on File" (Новчаник)?

Ако имате забуна околу функцијата "Card on File" (Новчаник), важно е да знаете дека овој модул е целосно управуван од платежниот процесор, а FitKit нема пристап до вашите картични податоци.

Функцијата "Card on File" е воведена за подобрување на корисничкото искуство, но тоа не значи дека автоматски ќе се врши наплата. Наплата ќе се изврши само ако корисникот: ✔️ Самостојно иницира плаќање за одреден пакет
✔️ Активира претплата

Доколку ви се случила автоматска наплата, можете да дознаете повеќе за можностите за откажување на следниов линк.

Ако имате дополнителни прашања или сакате да контактирате со офицерот за заштита на лични податоци, слободно пишете на: privacy.slaveska@gmail.com.

Related to

Дали овој напис беше корисен?

0 од 0 го сметаа ова корисно

Have more questions? Submit a request

Comments

0 comments

Please sign in to leave a comment.